banner banner banner
Синџирот На Дејзи
Синџирот На Дејзи
Оценить:
 Рейтинг: 0

Синџирот На Дејзи


И покрај тоа што беше висока, се посегна нагоре за да го бакне на образот

со остри црти. Тој ја стави раката околу нејзиното рамо и ја стисна.

„Подобро да одам да патролирам, госпоѓице“, рече тој, пуштајќи ја и

заминувајќи. Таа беше единствената жена со која немал секс, а која му

значеше нешто, освен неговата мачка, за која зажали што ја нарече ’Пуси‘, секој пат кога требаше да ја викне дома.

4 ДЕЈЗИ СТЕКНУВА САМОДОВЕРБА

Во месеците што следеа, Дејзи уживаше да се запознава со менаџерите

на легитимните бизниси на татко ѝ и успеа да собере многу податоци, кои

потоа ги анализираше и ги претвораше во предлози за нивно усовршување

и подобрување.

Сите тие компании се наоѓаа помеѓу Марбеља и Лос Боличес, што е

кратко растојание за возење по крајбрежјето. Затоа таа беше многу

изненадена кога дозна дека повеќето од нив не знаеја оти постојат другите.

Таа имаше предлози за секој засебен бизнис, но имаше идеи и за сите

нив заедно. Сакаше професионално да пристапи, па закажа состанок со

нејзините родители за да може да им ги образложи плановите.

„Тато, треба да го повикам и Тони?“

„Не, тој мора да дознае што сме одлучиле, но ова ќе го решиме прво

како семејство, па ќе ги исправаме кривите Дрини. Потоа, кога ќе бидеме

апсолутно сигурни во нашиот став, може да разговараме со други.

Не дозволувај луѓе од страна да видат како се расправаат внатрешните

лице за детали. Параванот кој го креваме пред светот, дури и пред Тони, мора да го кренеме обединети. Макар и приватно да не се согласуваме за

сѐ.“

Дејзи веќе го имаше слушнато тоа, но сериозно кимна. „Ќе го запомнам

ова, тато.“

„Како ти оди со курсот за шпанскиот закон за сметководство? Сѐ уште го

слушаш?“

„Секако дека да. Зошто не би го слушала? Ти кажав дека сум сериозна

дека сакам да помогнам и ќе ти го докажам тоа со мојата презентација.

Впрочем, уживам во курсот, иако многумина не би уживале. Сувопарен е, ако ме разбираш.“

„Можам да замислам, но некој мора да го работи тоа, а засега тој некој

си ти. Жалам, пиле.“

„Нема потреба од извинување. Побарав работа со одговорност, а сега ја

имам. Среќна сум, навистина.“

„Добро...“

„Вечер ќе излезам со неколку другарки, тато, така што не ме чекај. Ќе се

видиме изутрина, во десет, за презентацијата. Чао, тато. Те сакам.“ Таа ги

стави рацете околу неговите рамена, го бакна во образ и замина со среќен

израз на лицето.

Тој се насмеа во себе; ужасно многу се гордееше со неа, што помисли

дека некогаш би можел да експлодира.



Утрината таа му рече на готвачот за единаесет часот да спреми кафе и

кремаста чоколадна торта, за во нејзината канцеларија, бидејќи тоа беше

една од омилените комбинации на нејзините родители.

Нешто по единаесет часот, таа уште ги дефинираше поединечните

измени за петнаесетте бизниси, но продолжи со тоа и додека мајка ѝ ја

сечеше тортата и тураше кафе.

„...со тоа доаѓам до темата ’Интеграција‘. Сметам дека не ги

поттикнуваме бизнисите да си ги користат меѓусебните особености. На