banner banner banner
Синџирот На Дејзи
Синџирот На Дејзи
Оценить:
 Рейтинг: 0

Синџирот На Дејзи


„Глупави мачо-менови“, таа нежно му се исмеваше додека лежеше во

свиокот на неговата рака. „Сакаш да го чуеш тоа, но не сакаш да им го

пружиш истото задоволство на луѓето кои ти ги сакаш. Себично, зарем не?“

Тој неколку минути не одговори, но Тереса беше спремна да чека.

„Да, веројатно е“, конечно ѝ призна. „Многу ми е жал што претходно не

сум ти кажал дека те сакам. Никому го немам тоа кажано во животот, освен

можеби на мајка ми. Не се сеќавам. Сум ти кажувал за неа?

„Се викаше Флер и беше од Белгија, но засега нема да зборуваме повеќе

за неа. Те молам, сакаш ли да се омажиш за мене, Тери? Ќе ме направиш

најсреќен на светот и знам дека звучи изветвено, но јас докажувам со дела, не со зборови... Мислам дека веќе го знаеш тоа.“

„Не звучи изветвено, Џони, овие зборови се прекрасни...“ Очите ѝ се

насолзија. „Ќе се омажам за тебе, Џони. Отсекогаш сум те сакала, но сакам

да ми ветиш дека ќе се грижиш за нашето дете. Не ми е гајле за мене, но

мора да биде згрижено нашето дете; инаку, поарно веднаш да си заминам.“

„Најмила моја Тереса, само ако се ожениш за мене нашето дете, сеедно

дали машко или женско, ќе наследи сѐ што имам.“

„Во тој случај, Џони, прифаќам. Ќе се омажам за тебе.“



Џон сакаше свадбената прослава да се одржи за една недела, но Тереса

настојуваше да ја планираат и да ја направат како што треба, само што не

му рече на Џон да се преобрати во католицизмот, а не му кажа ниту дека

бебето сака да го воспитуваат како католик.

Во четиринаесеттата недела, по огромната свадба, Тереса му кажа на

Џон дека очекуваат девојче. Таа очекуваше Џон да се разочара, но не

можеше да забележи знак за тоа.

Од своја страна, Џон мислеше дека би требало да биде разочаран, но се

изненади кога откри дека не е.

„Кое име ќе ѝ го дадеме?“ праша Тереса едно утро во кревет.

„Може да ја викаме Дејзи?“ ја праша.

„Секако“, се задлабочи таа. „Дејзи... Маргарита на шпански... бисер...

скриена скапоценост. Тоа е совршеното име за нашата ќерка, нашиот дар од

Бога, која не требаше да се створи.“

2 ПРВИТЕ ГОДИНИ НА ДЕЈЗИ

Бременоста на Тереса, нејзина трета, иако претходните завршија

предвреме, течеше нормално, и покрај тоа што природно имаше немир

поради своето минато. Џон беше свесен за тоа и ѝ обезбеди приватна

медицинска сестра и уште една кола за да може градинарот да ја носи во

болница, во случај тој или Тони да не се дома. Меѓутоа, сѐ течеше

нормално, па Дејзи се роди дома едно сончево попладне, на 14 декември, со помош на бабица којашто ја обезбеди осигурителната компанија на

семејството. Раѓањето се одвиваше без проблеми, а Џон со блескава

гордост ја гледаше својата убава жена како го држи нивното убаво бебе.

Џон никогаш не бил по фотографирањето, но за една недела направи

стотици фотографии. Им ги покажуваше на пријателите и познаниците, а

кога ќе му кажеа дека бебето ги има неговиот нос или очи, нараснуваше од

гордост, иако самиот тој тоа не го гледаше. Нему ќерка му му беше плукната

на милата Тереса, а тој не ни сакаше да биде поинаку. Не ја изнесуваше

надвор од капија, но сакаше да ја шета со количката низ градините, да ѝ ги

опишува цветовите и птиците кога беше сигурен дека никој не може да го

слушне. Едно утро ја стопи Тереса кога таа намина да ја види Дејзи и го

виде Џон како ѝ ја пее „Бе-бе, црна овчичке“. Тој поцрвене од срам кога